Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2022, продажните цени на производителите на
индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.8% на месечно и за 21.7% на годишно ниво.
Во мај 2022, во споредба со април 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки
во групите Капитални производи за 0.1%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.1%, Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 0.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8%
Во мај 2022, во споредба со мај 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи на
домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 27.0% Интермедијарни производи, освен енергија за 28.9%,
Капитални производи за 74.2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.7% и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 13.3%.