Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2022 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.6 % на месечно и за 22.3 % на годишно ниво.
Во октомври 2022, во споредба со септември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1.2 % и Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 1.1 %.
Во октомври 2022, во споредба со октомври 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 26.9 %, Интермедијарни производи, освен
енергија за 21.8 %, Капитални производи за 68.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.7 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка 18.5 %.