Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, јануари 2023 година

вторник, 28 февруари 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1.9 % на месечно и повисоки за 14.4 % на годишно ниво.

Во јануари 2023, во споредба со декември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 9,5 %, Капитални производи за 5.5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0 %. 

Во јануари 2023, во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 24.4 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 18.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.9 %, Енергија за 8.2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика