Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, март 2023 година

петок, 28 април 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.3 % на месечно и повисоки за 5.8 % на годишно ниво.

Во март 2023, во споредба со февруари 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 0.9 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка 0.7 %.

Во март 2023, во споредба со март 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1.1 %, Интермедијарните производи, освен енергија за 4.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.8 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика