+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, септември 2014

понеделник, 13 октомври 2014


Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2014, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.2% на месечно, а се пониски за 1.3% на
годишно ниво.
Во септември 2014, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи
на домашниот пазар се повисоки во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5% и Енергија за
0.2%, додека во групата Интермедијарни производи, освен енергија и во групата Трајни производи за широка
потрошувачка, се останати на исто ниво.
Во септември 2014, во споредба со септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се пониски во групата Капитални производи за 5.2%, во групата Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 2.2% и во групата Енергија за 1.4%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk  apostol.simovski@stat.gov.mk
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика