Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Цените на производителите на индустриски производи во февруари 2010, во однос на истиот месец од 2009 година, се повисоки за 7.4%

среда, 10 март 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на производителите на индустриски производи во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, изнесува 107.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемените цени во групите Енергија за 24.0% и Капитални производи за 0.1%.

Индексот на цените на производителите на индустриски производи во секторот Вадење на руди и камен во февруари 2010 година, во однос на февруари 2009 година, е понизок за 0.8%. Во секторот Преработувачка индустрија индексот на цените е повисок за 6.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 11.2%.

Во февруари 2010 година, во однос февруари 2009 година, индексот на цените во групата Елементи и материјали за вградување во градежништво е повисок за 1.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика