+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни 2010, во однос на истиот месец од 2009 година, се повисоки за 7.6%

понеделник, 12 јули 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни 2010 година, во однос на јуни 2009 година, изнесува 107.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемените цени во групата Енергија за 17.7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4%, Капитални производи за 0.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%.

Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во секторот Вадење на руди и камен во јуни 2010 година, во однос на јуни 2009 година, е повисок за 1.8%, во секторот Преработувачка индустрија индексот на цените е повисок за 8.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и топла вода е повисок за 6.7%.

Во јуни 2010 година, во однос јуни 2009 година, индексот на продажните цени во групата Елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 6.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика