+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, август 2015

понеделник, 28 септември 2015


Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2015, продажните цени на производителите на
индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3% на месечно ниво, односно пониски за 4.7%
на годишно ниво.


Во август 2015, во споредба со јули 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на
домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7%, Енергија за
0.5% и Капитални производи за 0.2%, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка се останати
на исто ниво.


Во август 2015, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на
домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11.1%, Интермедијарни производи освен енергија за 1.2%
и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.7%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk  apostol.simovski@stat.gov.mk
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика