+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, јануари 2011 година

петок, 18 февруари 2011


Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, за прибирање и обработка на податоците за продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар ја примени новата Национална номенклатура на индустриски производи (ННИП) 2008, а за пресметка и објавување на индексите на продажните цени ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). За да се обезбеди временска серија со споредливи податоци, месечните индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, од 2005 до 2010 година, се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).

Според податоците на Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, се повисоки за 12.7%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемените цени во групата Енергија за 21.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.9%, Капитални производи за 1.6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8%.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во секторот Вадење на руди и камен во јануари 2011 година, во однос на јануари 2010 година, се повисоки за 15.3%, во секторот Преработувачка индустрија цените се повисоки за 13.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 10.1%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика