+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Цени


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, јануари 2013

петок, 22 февруари 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2013, продажните цени на производителите
на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.3% на месечно ниво, а се повисоки за 4.8% на
годишно ниво.
Во јануари 2013, во споредба со декември 2012, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 0.5%, во групата Нетрајни производи за
широка потрошувачка за 0.3%, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1% и во групата
Капитални производи за 0.1%.
Во јануари 2013, во споредба со јануари 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи
на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 7.7%, во групата Интермедијарни производи, освен
енергија за 7.1%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 6.1% и во групата Нетрајни производи
за широка потрошувачка за 1.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 858

е-пошта:  lefterija.kalevska@stat.gov.mk  sanja.stojanovska@stat.gov.mk
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика