Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Култура


Музеи и музејски збирки во Република Македонија, 2012
-претходни податоци-


среда, 02 октомври 2013


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на посетители на изложби (во музеите
и вон музеите) во 2012 година изнесува 250 582.


Од вкупно 26 музеи, 17 се јавни општи музеи, 8 се јавни специјализирани музеи и еден приватен музеј.


Во 2012 година, музеите организирале 182 сопствени изложби од кои 122 изложби биле организирани од
страна на јавните општи музеи, 57 од страна на јавните специјализирани музеи и 3 од приватниот музеј.


Во 2012 година, музеите располагале со 430 642 инвентарирани предмети и примероци, од кои 30 434 биле
изложени.


Збирките располагале со 403 616 инвентарирани предмети, од кои 23 315 биле изложени.


Податоците презентирани во ова соопштение се добиени од пополнетите прашалници за 2012 година што ги
доставија 26 музеи и 30 музејски збирки.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 713

е-пошта:  violeta.krsteva@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика