Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за првото тримесечје од 2013 година изнесува 2.9 %.
Во првото тримесечје од 2013 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во секторите
Ѓ- Градежништво од 36,8%; З- Сообраќај, складирање и врски од 2,5% и (Ѕ+И+Љ)- Финансиско посредување;
Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности; Други комунални, општи и лични
услужни активности (вклучени се и импутираните станарини) од 2,5%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во однос на истиот период од 2012 година, номинално расте за 2,1%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 79,3%.
За истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално порасна за 0,2%, а увозот на стоки и услуги забележа
намалување во номинален износ од 3,1%.