Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, трето тримесечје од 2013 година

петок, 13 декември 2013


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за третото тримесечје од 2013 година изнесува 3.3 %.


Во третото тримесечје од 2013 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во
секторите Ѓ- Градежништво од 30,5%; З- Сообраќај, складирање и врски од 5,8% и Е- Трговија на големо и
трговија на мало; Поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата
од 2,8%.


Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во третото тримесечје од 2013 година, во однос на истиот период од 2012 година, номинално
расте за 4,0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 72,8%.


За истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 7,2%, а увозот на стоки и на услуги
забележа намалување во номинален износ од 2,1%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.