Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2013 година

петок, 14 март 2014


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2013 година изнесува 3.2%.
Во четвртото тримесечје од 2013 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во
секторите Ѓ - Градежништво од 32.1%; Ж - Хотели и ресторани од 4.4% и В+Г+Д - Рударство и вадење на камен;
Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 2.6%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2013 година, номинално расте за 2.4%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 70.7%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 5.2%, а увозот на стоки и на услуги
забележа намалување во номинален износ од 2.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика