Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, второ тримесечје од 2020 година

понеделник, 07 септември 2020


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2020 година е -12.7 %.

Во второто тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите А - Земјоделство, шумарство и рибарство од 4.5 %; Љ, М и Н – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; Образование; Дејности на здравствена и социјална заштита од 2.2 % и Ѕ - Информации и комуникации од 0.9 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 9.9 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 70.6 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 32.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 30.2 %.
 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика