Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, прво тримесечје од 2021 година

понеделник, 07 јуни 2021


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2021 година е -1.9 %.

Во првото тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите: Ѓ - Градежништво од 1.7 %, Ј - Дејности во врска со недвижен имот од 0.5 % и А - Земјоделство, шумарство и рибарство од 0.3 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 1.8 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 65.5 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18.3 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11.2 %.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2021 година бележат опаѓање во делот на промената на залихите.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика