Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Бруто-домашен производ
Бруто-домашен производ, второ тримесечје од 2021 година
понеделник, 06 септември 2021
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2021 година е 13.1 %.
Во второто тримесечје од 2021 година, пораст е забележан во секторите Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46.0 %; Б, В, Г и Д - Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 11.4 % и Ѕ - Информации и комуникации од 5.7 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2021 година, номинално се зголеми за 14.9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70.2 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62.2 %, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64.4 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика