Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Бруто-домашен производ
Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2021 година
среда, 02 март 2022
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2021 година е 2.3%.
Во четвртото тримесечје од 2021, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2%; Ѕ - Информации и комуникации од 5,3%; kako и Ј - Дејности во врска со недвижен имот од 3.1 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 10.2%, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.5%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9.7%, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 22.6%.
Почитувани корисници,
Ве известуваме дека во Соопштението со број 3.1.22.03 - Бруто-домашен производ, IV тримесечје 2021, е направена исправка на податоците во Табела 6. Бруто-домашен производ според расходниот метод, по постојани цени - по цени од претходната година, во Pdf фајлот
|
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика