Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, прво тримесечје од 2022 година

четврток, 09 јуни 2022


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2022 година е 2.4 %.

Во првото тримесечје од 2022, пораст е забележан во секторите Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 11.2 %, К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 5.9 % и Б, В, Г и Д - Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 2.2 %. 

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 12.2 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 66.1 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 18.6 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 33.5 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика