Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, прво тримесечје од 2014 година

петок, 13 јуни 2014


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за првото тримесечје од 2014 година изнесува 3.9%.
Во првото тримесечје од 2014 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во
секторите Ѓ- Градежништво од 13.7%; Ѕ+И+Љ- Финансиско посредување; Активности во врска со недвижен
имот, изнајмување и деловни активности; Други комунални, општи и лични услужни активности (вклучени се
и импутираните станарини)од 4.7% и Е-Трговија на големо и трговија на мало; Поправка на моторни возила,
мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 3.3%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во првото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2.3%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 81.4%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14.3%, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 9.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика