Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, трето тримесечје од 2022 година

петок, 02 декември 2022


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2022 година е 2.0 %.

Во третото тримесечје од 2022 година, најголем пораст е забележан во секторите Њ, О и П - Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 11.8 %; Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9.1 %, како и И - Финансиски дејности и дејности на осигурување од 5.8 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2022 година, номинално расте за 18.2 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 71.2 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 27.2 %, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 31.1 %.

Бруто-инвестициите во третото тримесечје од 2022 година бележат најголемо покачување во делот на промената на залихите.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика