Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ
(БДП) во првото тримесечје од 2023 година е 2.1 %.
Во првото тримесечје од 2023, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ- Градежништво од 12.7 % и Е, Ж и
З-Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти
за сместување и сервисни дејности со храна од 10.6 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,
во првото тримесечје од 2023 година, номинално расте за 14.8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-
домашниот производ изнесува 69.0%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.7%, а увозот на стоки и на услуги забележа
намалување во номинален износ од 1.4%.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите.