Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, второ тримесечје од 2023 година

понеделник, 11 септември 2023


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2023 година е 1.1 %.

Во второто тримесечје од 2023 година, поголем пораст е забележан во секторите  Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7.6 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 5.0 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2023 година, номинално расте за 9.9 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 73.9 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2.6 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3.0 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика