Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ
(БДП) во четвртото тримесечје од 2023 година е 0.9 %.
Во четвртото тримесечје од 2023 година, поголем пораст е забележан во секторите: Ѓ - Градежништво од 5.5 % и И -
Финансиски дејности и дејности на осигурување од 3.5 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,
во четвртото тримесечје од 2023 година, номинално расте за 5.8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-
домашниот производ изнесува 70.9 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 0.1 %, а увозот на стоки и на услуги забележа
намалување во номинален износ од 5.3 %.
Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2023 година бележат намалување во делот на промената на залихите.