Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2024 година е 2.3 %.
Во второто тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Њ, О и П-Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9.5 % и К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 8.7 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4.7 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 74.5 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3.4 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5.2 %.
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства, а намалување во промената на залихите.