Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, второ тримесечје од 2014 година

петок, 12 септември 2014


Кварталните податоци за бруто-домашниот производ во ова соопштение се подготвени според методологијата
Европски систем на сметки (ЕСА 2010), а како резултат на спроведената ревизија на годишните податоци според
оваа методологија. Податоците по сектори и агрегацијата на податоците по сектори на економска активност
се презентирани според Класификацијата НКД Рев.2. Серијата на податоци по постојани цени е прикажана со
референтна 2005 година.
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за второто тримесечје од 2014 година изнесува 4.3 %.
Во второто тримесечје од 2014 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во
секторите Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт
и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 5.0% и И - Финансиски дејности и
дејности на осигурување од 4.1%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во второто тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2.5%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 73.7%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14.2%, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 10.7%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика