Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, трето тримесечје од 2024 година

петок, 06 декември 2024


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ
(БДП) во третото тримесечје од 2024 година е 3.0 %.
Во третото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З - Трговија на големо и
трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна од 10.6 % и К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни
услужни дејности од 9.0 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,
во третото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 3.9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-
домашниот производ изнесува 67.7 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа
намалување во номинален износ од 1.0 %.
Бруто-инвестициите во третото тримесечје од 2024 година бележат номинално зголемување во делот на бруто-
инвестициите во основни средства, а намалување во промената на залихите.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика