Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2024 година

вторник, 04 март 2025


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четврто тримесечје од 2024 година е 3.2 %.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ - Градежништво од 13.2% и К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 6.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66.1 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3.1 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2.0 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389295666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика