Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, трето тримесечје од 2014 година

петок, 12 декември 2014


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за третото тримесечје од 2014 година изнесува 4.1%.


Во третото тримесечје од 2014, најголем пораст е забележан во секторите: В- Преработувачка индустрија од
16.6%; Њ,О и П - Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како
работодавачи; Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за
сопствени потреби од 11.6%; К и Л- Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни
дејности од 8.2% и И- Финансиски дејности и дејности на осигурување од 7.5%.


Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во третото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 1.7%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 67.9%.


Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.6%, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 10.8%.


Тримесечните податоци за бруто-домашниот производ во ова соопштение се подготвени според методологијата
Европски систем на сметки (ЕСА 2010), а како резултат на спроведената ревизија на годишните податоци според
оваа методологија.


Податоците и нивната агрегација по сектори на економска активност се презентирани според класификацијата
НКД Рев.2.


Би сакале да информираме дека тримесечните податоци за БДП за серијата 2000-2014 може да ги најдете во
МАКСтат базата на податоци на веб-страницата на ДЗС.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика