Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, прво тримесечје 2010 година

петок, 25 јуни 2010


Според проценетите податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2010 година изнесува -0.9%.

Вредноста на Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и Непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2010 година, во однос на истиот период од 2009 година, номинално расте за 2.4%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 79.7%. За истиот период, Извозот на стоки и услуги забележа зголемување во номинален износ од 15.2%.

Во ова тримесечје пораст покажуваат секторите: А и Б - Земјоделство, лов, шумарство и Рибарство; Ј, К и Л - Јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита, Образование, Здравство и социјална работа; Ѕ, И и Љ - Финансиско посредување, Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности, Други комунални, општи и лични услужни активности и Импутирани станарини, а најголем реален пораст е забележан во секторот Ѓ - Градежништво од 7.7%.

Податоците за 2007 и за 2008 по тримесечја се ревидирани поради ревидираните годишни податоци, а како резултат на алокација на дел од финансиските услуги мерени индиректно, во меѓуфазната потрошувачка и дел во финалната потрошувачка на домаќинствата.
Методолошките подобрувања во 2007 и во 2008 година се направени и кај пресметката на импутираните станарини.

За подетални објаснувања посетете ја веб-страницата: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/3.4.10.01.pdf





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика