Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, второ тримесечје 2010 година

четврток, 23 септември 2010


Според проценетите податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2010 година изнесува 0.4%.

Вредноста на Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и Непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2010 година, во однос на истиот период од 2009 година, номинално расте за 4.7%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 74.2%.

За истиот период, Извозот на стоки и услуги забележа зголемување во номинален износ од 23.1%.

Во ова тримесечје поголем пораст покажуваат секторите: З - Сообраќај, складирање и врски од 3.9% и Ѕ, И и Љ - Финансиско посредување, Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности, Други комунални, општи и лични услужни активности и Импутирани станарини од 3.2%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика