Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, трето тримесечје 2010 година

среда, 22 декември 2010


Според проценетите податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2010 година изнесува 1.3%.

Вредноста на Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и Непрофитните институции што им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2010 година, во однос на истиот период од 2009 година, номинално расте за 4.0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 73.9%.

За истиот период, извозот на стоки и услуги забележа зголемување во номинален износ од 26.3%.

Во ова тримесечје, поголем пораст покажуваат секторите: Ѓ - Градежништво од 18.4% и Ѕ, И и Љ - Финансиско посредување, Активности во врска со недвижен имот, изнајмување и деловни активности, Други комунални, општи и лични услужни активности и Импутирани станарини од 3.8%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика