Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2014 година

петок, 13 март 2015


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2014 година изнесува 2.7%.


Во четвртото тримесечје од 2014, најголем пораст е забележан во секторите: К и Л - Стручни, научни и технички
дејности; Административни и помошни услужни дејности од 12.4%; Њ,О и П - Уметност, забава и рекреација;
Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата кои
произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 11.7%; Ѓ- Градежништво од
11.1% и И - Финансиски дејности и дејности на осигурување од 3.8%.


Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2.5%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 65.8%.


Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 14.8%, а увозот на стоки и на услуги е
зголемен во номинален износ од 9.7%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика