Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, прво тримесечје од 2015 година

петок, 12 јуни 2015


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за првото тримесечје од 2015 година изнесува 3.2%.
Во првото тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите: К и Л - Стручни, научни и технички
дејности; Административни и помошни услужни дејности од 9.9%; Њ,О и П - Уметност, забава и рекреација;
Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; Дејности на домаќинствата кои
произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 6.6%; Е,Ж и З - Трговија
на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти
за сместување и сервисни дејности со храна од 6.3% и И - Финансиски дејности и дејности на осигурување од
6.2%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во првото тримесечје од 2015 година, номинално порасна за 1.6%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесуваше 69.6%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.4%, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 5.5%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика