Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, второ тримесечје од 2015 година

понеделник, 14 септември 2015


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за второто тримесечје од 2015 година изнесува 2.6%.


Во второто тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите: И - Финансиски дејности и дејности
на осигурување од 13.8%; К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни
дејности од 12.6%; Ѓ – Градежништво од 6.2% и Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на
моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
од 5.5%.


Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во второто тримесечје од 2015 година номинално расте за 2.4%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 72.3%.


Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8.3%, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 2.7%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика