Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, четвртото тримесечје од 2015 година

четврток, 10 март 2016


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2015 година изнесува 3.9%.


Во четвртото тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите: Ѓ - Градежништво од 33.7%;
И - Финансиски дејности и дејности на осигурување од 14.9%; К и Л - Стручни, научни и технички дејности;
Административни и помошни услужни дејности од 14.3%; и Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности
со храна од 8.5%.


Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2015 година номинално расте за 3.0%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66.5%.


Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 7.4%, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 12.6%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика