Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, второ тримесечје од 2016 година

петок, 09 септември 2016


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за второто тримесечје од 2016 година изнесува 2.2%.
Во второто тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Ѓ - Градежништво од 31.0%; К и Л -
Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 11.5%; и И - Финансиски
дејности и дејности на осигурување од 4.9%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во второто тримесечје од 2016 година, номинално расте за 1.3%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69.5%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4.2%, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 6.6%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика