Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2016 година

четврток, 09 март 2017


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2016 година изнесува 2,4%.


Во четвртото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Ѓ – Градежништво од 28,5%; К
и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 9,8% и А –
Земјоделство, шумарство и рибарство од 1,8%.


Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2016 година номинално расте за 5,8%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,0%.


Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,4%, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 2,4%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика