Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, прво тримесечје од 2017 година

четврток, 08 јуни 2017


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за првото тримесечје од 2017 година е 0.0%..
Во првото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Ѕ – Информации и комуникации
од 5.5%; Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична
енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со
отпад и дејности за санација на околината од 2.1%; А - Земјоделство, шумарство и рибарство од 1.1%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во првото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 3.1%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64.3%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 12.1%, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 13.6%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика