Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, второ тримесечје од 2017 година

четврток, 07 септември 2017


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за второто тримесечје од 2017 година е -1.8%.
Во второто тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: А - Земјоделство, шумарство и
рибарство од 4.1%; Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли;
Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 3.9%; Ѕ - Информации и
комуникации од 1.0% и И - Финансиски дејности и дејности на осигурување од 1.0%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во второто тримесечје од 2017 година номинално расте за 6.0%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70.7%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 16.0%, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 7.3%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика