Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Бруто-домашен производ
Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2017 година
четврток, 08 март 2018
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2017 година е 1.2%.
Во четвртото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 15.6%; А - Земјоделство, шумарство и рибарство од 4,0% и Б, В, Г и Д - Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 1.1%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 4.9%, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 64.8%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14.9%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11.0%.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика