Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Бруто-домашен производ
Бруто-домашен производ, второ тримесечје од 2018 година
четврток, 06 септември 2018
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2018 година е 3.1 %.
Во второто тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: Њ, О и П - Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 13.9 %; Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 12.7 % и К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 4.5 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2018 година, номинално расте за 3.2 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 69.6 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 6.6 %.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика