Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2018 година

петок, 08 март 2019


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ
(БДП) за четвртото тримесечје од 2018 година е 3.7 %.
Во четвртото тримесечје од 2018 година, најголем пораст е забележан во секторите: Ѓ - Градежништво од 19.6 %; Њ, О
и П - Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности
на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 14.0 % и Е,
Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање;
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7.9 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата,
во четвртото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 6.3 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.4 %.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 23.0 %, а увозот на стоки и на услуги забележа
зголемување во номинален износ од 21.5 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика