Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, прво тримесечје од 2019 година

петок, 07 јуни 2019


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2019 година е 4.1 %.

Во првото тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите: А - Земјоделство, шумарство и рибарство од 13.6 %; Ѓ - Градежништво од 7.0 % и Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2019 година номинално расте за 3.9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63.5 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14.9 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12.6 %.

 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика