Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, второ тримесечје од 2019 година

петок, 06 септември 2019


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2019 година е 3.1 %.

Во второто тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите: Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7.5 %; А - Земјоделство, шумарство и рибарство од 3.9 % и К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 3.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2019 година, номинално расте за 4.6 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 69.0 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10.2 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10.5 %.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 23295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика