Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, четврто тримесечје 2010 година

вторник, 22 март 2011


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2010 година изнесува 2.3%. Вредноста на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2010 година, во однос на истиот период од 2009 година, номинално порасна за 7.4%.

Бруто-инвестициите, во однос на истиот период од 2009 година, номинално пораснаа за 24.8%,а нивното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесуваше 32.5%. Во истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 37.5%, а увозот на стоки и услуги номинално порасна за 19.7%.

Во четвртото тримесечје од 2010 година, поголем пораст е забележан во секторите: Ѓ - Градежништво од 38.2% и Е - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 6.4%.

Во ова соопштение се објавени ревидираните податоци за БДП според производниот метод, по тековни цени, за периодот 2003-2007, во согласност со ревизијата на годишните податоци. Истовремено се објавени и ревидираните тримесечни податоци за БДП по постојани цени, според производниот метод, за периодот 2004-2007 (БДП изразен во референтна 2000 година и волуменски индекси).





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика