Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, прво тримесечје од 2020 година

понеделник, 08 јуни 2020


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2020 година е 0.2 %.

Во првото тримесечје од 2020 година, најголем пораст е забележан во секторите Ѕ - Информации и комуникации од 10.4 %; Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 6.5 %  и Њ, О, П - Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 5.2 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2020 година номинално расте за 2.7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63.2 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 7.1 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 4.6 %.
 






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика