Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, второто тримесечје од 2011 година

четврток, 22 септември 2011


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2011 година изнесува 5.3%.
 
Во второто тримесечје од 2011 година е забележан пораст во повеќето сектори, а најголем пораст е забележан во секторите: Ѓ - Градежништво од 26.0% и секторите Е - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 18.0% и В, Г и Д - Вадење на руди и камен; Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода
од 12.8%.
 
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2010 година, номинално расте за 12.5%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 75.1%.
 
За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 25.5%, а увозот на стоки и на услуги номинално порасна за 15.6%.
 
Им напоменуваме на корисниците дека пресметките на расходните компоненти на бруто-домашниот производ за периодот од 2004 година наваму на референтна 2005 година ќе бидат објавени заедно со годишното соопштение за 2010 година.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика