Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, прво тримесечје 2012 година

петок, 15 јуни 2012


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот
производ (БДП) за првото тримесечје од 2012 година изнесува - 1.4 %.
Во првото тримесечје од 2012 е забележан пад во секторите Ѓ- Градежништво од 9.8%; (В+Г+Д) - Рударство
и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 9.6% и
секторот З - Сообраќај, складирање и врски од 0.1%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година номинално расте за 2.0%, а нејзиното учество во
структурата на бруто-домашниот производ изнесува 78.6%.
За истиот период ,извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3.7%, а увозот на
стоки и услуги номинално опадна за 4.6%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика