Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ


Бруто-домашен производ, трето тримесечје 2012 година

петок, 14 декември 2012


Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот  производ (БДП) за третото тримесечје од 2012 година изнесува 0.2 %.

Во третото тримесечје од 2012 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во  секторите Ѓ- Градежништво од 16,7% и З- Сообраќај, складирање и врски од 2,3%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на  домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година номинално расте за 0,3%, а нејзиното учество во  структурата на бруто-домашниот производ изнесува 73,5%.

За истиот период, извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 6,2%, а увозот на  стоки и услуги номинално опадна за 3,5%.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 688

е-пошта:  snezana.georgievska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика